Два вулкани на рускиот полуостров Камчатка почнаа да исфрлаат пепел и лава во воздухот, а научниците велат дека се можни големи ерупции.Полуостровот, кој се протега во Тихиот Океан на околу 6.600 километри источно од Москва, е едно од најконцентрираните области на геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.
Ненадејната нова активност уследи по силниот земјотрес во саботата.
Институтот за вулканологија на Руската академија на науки објави дека Кључевска Сопка, кој е највисокиот активен вулкан во Евроазија со 4.754 метри, забележал дури 10 експлозии на час.
Текот на лава и емисиите на пепел доаѓаат и од вулканот Шивелуч, соопшти институтот.
Камчатка е ретко населена. Градот Кључи, со околу 5.000 жители, се наоѓа помеѓу два вулкани, на 30 километри од секој.