More

    Два од три Американци не знаат каде е Украина

    spot_img

    Два од три Американци не би можеле да ја најдат Украина на мапата на светот, вели ново истражување на 2.005 граѓани во САД. Само 34 отсто ја пронашле земјата во која е можен глобален конфликт, а некои погрешно покажувале на Северна Африка, Франција, па дури и на Велика Британија. За среќа, три од четири Американци знаеле да покажат каде е Русија, пишува РусијаДенес.

     

    Од оние кои успеале да ја најдат Украина, 58 отсто, или три од пет сметаат дека треба да се воведат остри санкции кон Русија во случај на окупација. Две третини од нив би поддржале да се прекине доводот на гас преку Северен Тек 2, а дури три четвртини би поддржале на Русија да биде исклучена од меѓународниот SWIFT систем за плаќање.

    Слично било и со оние кои не можеле да ја најдат Украина на мапата. Една четвртина од нив дури би поддржале Западот да прати повеќе војска во Источна Европа „дури и ако има американски жртви“.

    Неизвесно останува дали САД навистина би пратиле војници внатре во Украина, по неодамнешните изјави на Бајден и Стејт Департментот. Она што е сигурно е дека минатиот месец американскиот претседател одобрил 200 милиони долари воена помош за Украина, дел од кои отидоа во противтенковските ракети „Јавелин“ и друга артилерија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img