Авиокомпанијата „Визер“ од средината на јануари до средината на март нема да лета на релациите Скопје – Луксембург и Скопје – Болоња и ќе го намали бројот на летовите од Охрид за Виена од 4 на 3 лета неделно.
Компанијата соопшти дека во овој период ќе ги намали капацитетот на својата мрежа, поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“. Во овој период ќе компанијата ќе го контролира квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.
„Визер“ соопшти дека планира привремено да премести два од шестте скопски авиони од средината на јануари до средината на март. Ова ќе резултира со привремен прекин на авиолиниите. Дополнително, над триесет неделни летови се отстранети од скопска мрежа. Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата.
Авиолинијата Скопје-Луксембург беше воведена на 1 ноември годинава