More

    Дуа Липа на вратот имаше дијамант од 100 карати на Мет гала

    spot_img

    Пејачката Дуа Липа беше една од домаќинките на најголемиот моден настан Мет гала што се одржува секој прв понеделник во мај, во Метрополитен музејот во Њујорк. Во склад со големите очекувања, нејзиниот моден избор ги воодушеви сите присутни во понеделникот вечерта.

    Темата на овогодинешната Мет Гала – „Карл Лагерферлд: Линија на убавината“ имплицираше гламур, а популарната пејачка не разочара со својот избор.

    Дуа Липа носеше бело-црн балски фустан од твид на „Шанел“, истиот оној што Клаудија Шифер го носеше есента 1992 година, претставувајќи ја тогашната колекција, но уште повеличествен од прекрасниот фустан беше нејзиниот избор на накит – дијамантскиот ѓердан со интересна приказна. Неверојатниот дијамантски ѓердан, кој има повеќе од 100 карати, е почит на култниот жолт дијамант „Тифани“, кој е проценет на неверојатни 30 милиони долари и го носеле само четири жени во историјата.

    Имено, Дуа Липа е првата која го носела новиот неверојатен ѓердан Lucida Star од легендарната куќа „Тифани“, на кој е претставен таканаречениот легендарен дијамант кој има повеќе од 100 карати и кој со речиси идентичен облик на перниче е најубавата почит на култниот жолт дијамант „Тифани“. Според етикетата, новиот дијамант е означен со буквата Д, што ни кажува дека е безбоен и најквалитетен дијамант, има 82 фасети и одговорно е набавен од Боцвана.

    Мери Вајтхаус првпат го носела на бал во 1957 година, Одри Хепберн го носела на легендарните фотографии од 1961 година за филмот „Појадок кај Тифани“, на вратот на Леди Гага се нашол за доделувањето на Оскарите во 2019 година, а Бијонсе беше последна што го носеше во кампањата за „Тифани“,  пред две години. Со оваа свежа, модерна интерпретација на култното парче накит, Дуа Липа испишала и дел од сопствената модна историја, а мораме да признаеме дека изгледала апсолутно прекрасно, како што доликува на Мет гала.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img