Женската трка на 5.000 метри својот епилог го имаше најпрвин на стадионот, а потоа двапати на зелената маса.
Сигурно беше дека златниот медал го освои Беатрис Чебет од Кенија. Во трката втора низ целта мина нејзината сонародничка Фејт Кипјегон, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија.
Сепак, тимот на Етиопија се жалеше дека Кенијката за време на трката ја влечела за дресот нивната репрезентативка.
На тој начин на второто место се искачи Хасан, а третото ѝ припадна на Италијанката Наѓа Батоклети.
Целиот случај сепак не заврши тука. Следуваше жалба од спротивниот табор. Кенијците побараа да ѝ биде вратен медалот на Кипјегон. Според нив немало намера Кипјегон да ѝ попречи на ривалката.
По извесно време, нивната жалба беше прифатена и сѐ беше вратено на почеток.
Поредокот е златен медал за Чебет, сребро за Кипјегон и бронза за Сифан Хасан.