More

    Дождлив викенд со засилен ветер од јужен правец, над 60 km/h

    spot_img

    За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 60 km/h, особено утре, најавуваат од УХМР.

    Минималната температура во земјава в сабота ќе се движи во интервал од 2 до 9 °C, а максималната од 8 до 19 °C.

    Во Скопје во текот на викендот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец, со температура до 18 степени.

    В недела исто така нѐ очекува променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

    Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 4 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 11 степени до 17 степени.

    Најави за послаб интезитет на дожд има во понеделник кога се очекува променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

    Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 12 степени до 18 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img