Дожд, ветар, на планите снег и температра под нулата, ќе донесе првиот ден од викендот на почетокот од последната третина од април

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дожд, ветар, на планите снег и температра под нулата, ќе донесе првиот ден од викендот на почетокот од последната третина од април. Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најавуваат од УХМР.

Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Најстуденот ќе биде во Маврово каде минималната температура ќе се спушти на -2 степени Целзиусови. Температирата во текот на денот ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ноќеска падна на 2 степени, а во текот на денот ќе има мало затоплување со дневна температура до 19 степени.

Share This Article