На валутните пазари вредноста на доларот порасна минатата недела, 10-ти пат по ред, откако американската централна банка процени дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолго од очекуваното. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 0,2 отсто на 105,58 поени, блиску до највисокото ниво во последните шест месеци.
Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0653 долари.
Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто, на 148,37 јени.
„Ова не се случило 10 години“
Јакнењето на доларот 10 недели по ред не е забележано речиси 10 години, а е последица на минатонеделните проценки на американската централна банка.
На редовната седница, челниците на ФЕД ги оставија клучните каматни стапки непроменети минатата недела, но беа објавени нови проценки според кои повеќето од нив очекуваат дека поради зголемената инфлација, каматните стапки ќе треба да се зголемат за 0,25 процентни поени до крајот на година, во опсег од 5,50 до 5,75 отсто.
Прогнозите на лидерите на ФЕД исто така укажуваат дека каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.
Имено, тие проценуваат дека каматите може да се намалат двапати следната година, два помалку отколку што очекуваа во претходните проценки. Така, следната година каматната стапка би се намалила за вкупно 0,50 процентни поени, на 5,1 отсто.