Родителите треба да имаат на ум и дека хранливите грицки се важни за децата, печивата не се здрава опција.
Започна новата училишна и градинка, а многу родители се прашуваат како на своето дете да му обезбедат силен имунитет кој ќе може да се избори со настинките и вирусите.
Марија Лашева, специјалист по заразни болести, откри дека витамините А, Б и Ц се најважни за силен имунолошки систем Тие можат да ја зголемат отпорноста на инфекции.
Освен што го зајакнува имунолошкиот систем, витаминот А помага за подобрување на видот и позитивно влијае на растот и репродуктивната функција. Може да се најде во производи како што се тиква, моркови, брокула, црн дроб, јајца и путер.
Б-витамините се важни за целокупниот метаболизам. Ги има во млечните производи, житариците, лиснатиот зеленчук, мешунките и морските плодови.
Витаминот Ц ја контролира состојбата на крвните садови, го зајакнува имунитетот и ги намалува симптомите на грип и настинка. За да го снабдите организмот со овој витамин, треба да јадете свеж зеленчук, овошје и кељ.
Лекарот ги потсетил родителите на важноста на хранливата ужина. Наместо пецива, кои не се здрава опција, подобро е детето да пакува овошје, јогурт, неколку јаткасти плодови и шише вода, пренесува Index.hr.
Овие намирници ќе помогнат во одржувањето на енергијата и здравјето во текот на денот.