Пропустите на Кардиологија за кои слушнавме деновиве се од организациски и од финансиски карактер и затоа прво требаше да биде разрешен организацискиот директор, а дури потоа докторот Сашко Јовев, вели во објава на Фејсбук доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија.
– Организационите директори на Клиниките беа „измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати – појаснува Беќаровски.
Според докторот, најдобро решение за проблемите на Клиничкиот центар е тој да биде интегриран и да го водат директори кои ќе ги поставува Владата, додека 32-те единици сами да ги избираат стручните раководители од професорскиот кадар кој го имаат.
Според Беќаровси ова е единствениот начин за прогрес и врвна здравствена заштита за пациентите.
– Се друго според него е импровазација – вели Беќаровски.