Полицијата на кантонот Сараево е веќе на терен, а оваа информација за Н1 ја потврди портпаролката на МУП на КС, Мерсиха Новалиќ.
Полицијата на кантонот Сараево добила информација дека неколку училишта во областа на кантонот Сараево добиле дојава за поставена бомба по електронска пошта.
„Неколку училишта во Сараево добија електронска пошта со заканувачка содржина. Во врска со ова преземени се потребните мерки и дејствија во надлежност на полицијата, повеќе информации ќе се знаат подоцна. Не можам да ви кажам колкав е бројот на училиштата кои го добиле мејлот или за кои училишта се работи“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на КС.