More

    Договорите со Грција и со Бугарија го ништат македонскиот идентитет

    spot_img

    „Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари. Договорите со Грција и со Бугарија означуваат дека Македонија веќе денес е без минато, без сегашност и без иднина. Тие два договора го ништат, го искоренуваат колективниот македонски идентитет“, вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Еден народ е народ преку другите народи“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

    Ќе ја парафразирам Катица Ќулавкова дека „нашиот јужен сосед, кога ја формирал својата национална држава, точно пред два века, имал слобода да го избира“ својот колективен идентитет – тие во мај 1827 го одбраа грчкиот колективен, а не македонскиот колективен идентитет како свој. Тоа што денес во Грција неколку милиони нејзини граѓани избираат нивниот личен идентитет да биде македонски, не значи дека нашиот колективен идентитет не може да биде македонски. Напротив! Оттука, потреба од враќањето на името Македонија.

    Македонскиот национализам се обидува да ги спаси македонската култура, јазик и историја, а национализмите на некои наши соседи, оживотворени во нивната официјална државна политика, ги водат Македонците директно во духовни „гасни“ комори – во нивен идентитетски геноцид.

    До 2018 година колективниот македонски идентитет беше признаен од повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги сите десет најнаселени земји во светот: Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија, Мексико. А, денес? Македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум е сѐ уште е реалност за повеќето, можеби за сите, држави, освен за Бугарија. Сепак, ние уште понизно живуркаме воопшто не помислувајќи да го раскинеме Договорот со Бугарија и така ги поддржуваме бесмислените уцени на Бугарија.

    Внесувањето на македонскиот јазик во ООН, иако во референтниот документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите – се користи кратенката UNTERM, за разлика од 2022 година, веќе не постои податокот „македонски јазик“! Значи, всушност има само признавање на литературниот (државниот) македонски јазик, но не и признавање на македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум.

    Центризмите (евроцентризмот, синоцентризмот или русоцентризмот) не се решение, меѓутоа евроцентизмот беше и е сѐ уште погубен за опстојувањето на Македонија и нејзиниот историски и митски поглед.

    Не само Илинден, туку и 11 Октомври е „семакедонско ‘Свето тројство’, затоа што поврзува неколку слоја на колективната меморија на Македонците: митскиот, христијанскиот, историскиот, политичкиот и културниот слој“ (Катица Ќулавкова).

    Мице Козар, Крсте Црвенковски, Благоја Корубин, Коле Чашуле, Душко Наумоски и другите борци на Прилепскиот партизански одред, задоени со слободарски идеи и со љубов за Македонија, започнаа да го реализираат сонот на македонскиот народ за сопствена држава, што доведе, неколку години подоцна, до возобновување на духовните, научните, образовните, политичките, општествените, социјалните и културните институции на Република Македонија.

    Денес, осумдесет и три години по нападот извршен на 11 октомври 1941 година, во кој учествуваа 16 борци од Прилепскиот партизански одред, македонските институции се целосно разнебитени.

    Честитајќи им го празникот 11 Октомври на Македонците и на граѓаните на Македонија, уште еднаш ќе подвлечам – за навек, дека остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img