More

    Додик се пазари за отцепување од БиХ, бара поддршка од Вучиќ

    spot_img

    Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека неговата доверба во Сараево е грешка и дека ќе бара поддршка од Србија за отцепување од Босна и Херцеговина. Додик изјави дека е подготвен да плати 2 милијарди без да прецизира во која валута и дел од територијата.

    – Грешка. Целата моја доверба во Сараево беше грешка. Затоа треба да се разделиме на убав и мирен начин. Подготвен сум да ви платам 2 милијарди за 10 години, да ви дадам отштета, бидејќи нема шанси да живееме заедно. Подготвени сме Поточари територијално да ви го предадеме – изјави Милорад Додик.
    Лидерот на Република Српска вели дека тоа не е отцепување, туку раздружување.

    -Не се одвојуваме од Босна и Херцеговина. Немаме никаков план за отцепување. Планот е доколку со сите наши напори не се воспостави правилен систем на односи, да се разделиме со Федерацијата Босна и Херцеговина. Измама е приказната за отцепување – рече Додик и додаде:

    – Не ги мразам муслиманите. Никогаш не реков дека мразам муслимани. Не сакам да дишам воздух со политичка структура која ја наметнува етикетата на геноцид на мојот народ, не сакам да живееме заедно… Не се обидувајте да влезете на територијата на РС, ќе поминете како бос низ трње –  изјави Додик.

    Милорад Додик изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

    Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина ја сметаат за политички мотивирана.

    – Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ – рече Додик.

    Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ, Република Српска и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

    Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

    – Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина – рече Додик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img