Доделена наградата 11ти Октомври – Високото признание го добија Михајловски, Темков, Каров и Китевски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По повод празникот, денеска во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава.

Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се додели на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.

Секоја година оваа престижна награда се врачува во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

Share This Article