More

    Добитникот на третиот најголем џекпот во историјата на САД ја носи наградата: 1,6 милијарди побогати

    spot_img

    Добитникот на џекпотот од 1,6 милијарди долари во играта „Mega Millions“ во август се појави да ја побара наградата, објавија денеска американските власти.

    Лотаријата не прецизираше дали добитникот одлучил да ја земе наградата на исти рати во следните 30 години или во едно плаќање, пренесе АП.

    Според новиот закон на Флорида, името на победникот нема да биде објавено во период од 90 дена од датумот на аплицирање за да се побара наградата, што беше на 25 септември, се вели во соопштението.

    Џекпотот подлежи на американски федерални даноци и нема данок на државата Флорида за овој приход.

    Добитното ливче беше купено во близина на Џексонвил, а на 8 август беа извлечени броевите на среќникот кои му го променија животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img