До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Share This Article