ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Ј.(67) од селото Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Тој, на 23.12.2023 со тврд предмет повеќе пати удрил по глава домашно животно – крава, сопственост на С.Х. од селото Праленик, која подоцна угинала“, се вели во полицискиот билтен.