More

    Животната драма на некогаш најплатениот фудбалер во светот

    spot_img

    Поранешниот аргентински репрезентативец, Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. По неколку хоспитализации, неодамна тој заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.

    „Марка“ пишува дека лекарите утврдиле што не е во ред со Лавеци. Имено, му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.

    – Езекиел не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психолошко нарушување кое може да предизвика некој да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори – изјави адвокатот на Лавеци.

    Тој објасни како една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.

    Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.

    Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Само во кинескиот клуб Хебеи, заработуваше над 20 милиони долари за сезона. Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img