More

    До Квон и партнерот се враќаат во Јужна Кореја по четири месеци неи

    spot_img

    Црна Гора ќе го екстрадира „кралот на криптовалутите“ До Квон на Јужна Кореја кој се сомничи за измама вредна 40 милиони долари. Ова е новата одлука на судот во Подгорица.

    Како што јавува подгоричкиот портал Вијести, претходно апелацискиот суд го поништи решението на вишиот суд со кое До Квон требаше да се екстрадира во Соединетите Американски Држави.

    До Квон и неговиот бизнис партнер Хон Чанд Јун беа осудени лани во јуни во Црна Гора на четири месеци затвор поради фалсификување пасоши. Тие беа уапсени при обидот да се качат на лет од Црна Гора за Дубаи со пасоши на државата Костарика и лични карти наводно издадени од Белгија.

    Судот им одредил безбедносна мерка – одземање на лажните документи, а одредено им е дека мора да ги платат судските трошоци, секој по 100 евра.

    До Квон објаснил дека преку пријател дошол до агенција во Сингапур која се бави со изработка на „златни“ пасоши. Второобвинетиот Чанд Јун навел дека со пасошот дошол преку До Квон, што тој го потврдил и барал само тој да биде казнет.

    Јужнокорејскиот обвинител кој ја води истрагата за пропаднатиот криптопроект „Тера-Луна“, соопшти дека основачот на компаниајта До Квон треба да биде екстрадиран на Сеул за судење. И Јужна Кореја и САД побараа негова екстрадиција за да го соочат со обвиненијата во врска со колапсот на неговата криптоимперија, вредна 40 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img