More

    До ДИК не е поднесен ниеден приговор за двојните избори на 8 мај

    spot_img

    До Државната изборна комисија (ДИК) до 15.30 часот не се поднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК.

    Портпаролката на ДИК,  Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирачко право, за претседателските изобри завршува во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22.30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23. 30 часот.

    ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

    На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи кадидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски од СДСМ и прламентарните избори на кои најмногу пратенички места освои ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img