Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако одите во Дубровник на одмор со вашето возило понесете повеќе пари за паркинг. Од почетокот на месецов во овој хрватски град важат нови цени за паркирање. Дневниот билет за паркирање зависно од зоната оди и до е 200 евра, а за еден час паркинг во близина на стариот дел на градот се плаќа 10 евра.

Цените варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град. Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра. Повеќечасовен билет до Пила (нулта зона) од 1 мај чини 199,08 евра.

Повеќечасовен билет во првата зона чини 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра.

Во екот на сезоната дневниот билет  чини 199,10 евра, а претходно чинеше 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.

Share This Article