More

    Дисциплинска постапка за четворица полицајци од ПО Кривогаштани

    spot_img

    Сопственик на кафуле побарал помош од полицијата бидејќи во локалот неколку лица „мавтале“ со пиштоли, но откако пристигнале полицајците не преземале ништо. Поради тоа министерот Панче Тошковски најави дека е покрената дисциплинска постапка против четворицата полициски службеници од ПО Кривогаштани.
    „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани. Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, беа извршени сите неопходни проверки и притоа беше утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина“, соопшти министерот Тошковски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img