More

    Дирекцијата на ТИРЗ јавно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да направи увид во документите

    spot_img

    Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон компанија. Покажавме дека имаме јасни процедури и капацитет да го заштитиме јавниот интерес и средства, реагира дирекцијата за ТИРЗ на наводите за злоупотреба на јавни средства за проектот е.Го искажани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    „Политичката партија ВМРО ДПМНЕ денес фрли јавен сомнеж врз процедурите и капацитетите за реализација на државната помош, кои засегаат не само еден туку над 40 договори што ги спроведува Дирекцијата за ТИРЗ. Со ова, се прави непосреден удар не само врз угледот на компаниите корисници на ТИРЗ, туку и врз животниот стандард на близу 20.000 наши сограѓани кои се директно ангажирани во овие компании“, се наведува во реакцијата.

    Дирекцијата јавно ја покани партијата да направи увид во документите и доколку го утврди спротивното од тоа што го тврди јавно да се извини.

    „Во интерес веднаш да се расчисти со овие сомнежи и обвинувања и намалување на штетата врз луѓето и овие компании, јавно ја покануваме политичката партија ВМРО ДПМНЕ веднаш и без одлагање да дојде и да направи увид во целокупната документација на проектот и да најде макар 1 денар јавни пари исплатени на компанијата. Доколку се утврди дека вакви средства не се исплатени, очекуваме политичката партија да упати јавно извинување за нарушен углед до сите компании што користат поддршка од државата, а вработуваат близу 20.000 наши сограѓани и кои, само во 2023 година, уплатиле најмалку 75 милиони евра обврски кон Буџетот на државата“, се вели во реакцијата.

    Оттаму додаваат дека во целиот изминат период навремено и транспарентно ја информира јавноста за сите прашања поврзани со проектот за електрични возила е.Го во Тетово.

    „Конкретно, при самото потпишување на договорот презентирани се сите детали за поддршката од државата, а целосен увид во договорот е даден на сите заинтересирани медиуми кои се обратија до Дирекцијата. Во ниту еден момент од наша страна не е одбиен или пренасочен кон друга институција одговор на прашања поврзани со проектот. Ова, иако Дирекцијата за ТИРЗ е еден дел од повеќе останати институции, кои исто така имаат свое место и улога во реализација на проектот. Имајќи го предвид претходното, ставовите изнесени во соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за некакво криење на договорот и нетранспаретност ги сметаме за остаток на матрица на однесување на институциите од едно минато време“, се вели во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img