More

    Директорката на ГАК упати апел за итно вработување, лекари и сестри си заминуваат

    spot_img

    Директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска упати апел за итно одобраување на вработувања, особено за одделот за предвреме родните.

    Јовановска и министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денешната прес-конференција за предвремено родените бебиња се пофалија со рекордно ниски бројки на смртност. Од 74 отсто во 2017 година, годинава смртноста кај предвреме родените бебиња е сведена на 5,6 отсто, што директорката Јованоска рече дека е извојувано со макотрпна борба, но нагласи дека најбргу што може им е неопходно одобрување нови вработувања оти секојдневно си заминуваат и сестри и лекари од тој оддел.

    – Работиме со многу мал број вработени. Нам итно ни требаат доктори и медицински сестри, кои секојдневно го напуштаат одделението затоа што се соочуваат со огромен предизвик, меѓутоа и со многу тешка задача. Тоа е 24-часовно работно време, без можност за одмор. Вработените, особено докторите на овој оддел, немаат можност, дури ни да го искористат правото на годишен одмор поради тоа што обврските секогаш ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки, им должиме на овие вработени, кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри што не можеа да го издржат овој предизвик. Таа работа е исклучително тешка. Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не може да се соочат со овие предизвици и си одат – рече директорката Јовановска.

    Јовановска упати апел до министерот Меџити кој беше заедно со неа на денешната прес-конференција, не само до него туку и до сите други надлежни што е можно побргу да се одобрат вработувања за да може побргу и да се реализираат.

    Началникчката на одделението за интензивна нега и терапија, д-р.Рената Димитриовска се осврна на примената на нови методи кои почнуваат да се применуваат и на интензивната нега на ГАК.

    – ГАК континуирано ги следи препораките на СЗО со што се приближува кон светското семејство на достигнувања. Клиниката полека, но сигурно почнува да го имплементира процесот на кенгурирање, најбитниот момент и контакт помеѓу предвреме роденото бебе и родителите – рече Димитриовска.

    Министерот Меџити истакна дека е среќен што може да ја сподели информацијата дека битките со предизвиците кои ги носи предвременото породување сѐ почесто ги добиваме.

    Статистиките покажуваат дека почнувајќи од 2017 година, досега за 74% е намалена смртноста на предвреме родените бебиња, таа во 2016 година изнесувала 25 проценти за во 2023 година да достигне 5,6 проценти, информираше Меџити.

    За време на посетата, министерот Меџити нагласи дека овој фантастичен напредок е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и обуки на персоналот на клиниката. Одличните резултати тој ги препиша на ефикасната стратегија со која се унапредени условите за родилките и е обезбедена врвна нега за новороденчињата.

    – Морам да нагласам дека здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА. Министерството за здравство ќе остане посветено на креирање средина каде што предвремено родените бебиња ги добиваат највисоките стандарди на грижа, пристап до иновативни третмани и потребна поддршка за развој – посочи Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img