More

    Џиџи Хадид го смени имиџот, направи драстична трансформација

    spot_img

    Манекенката Џиџи Хадид е една од многуте познати жени кои неодамна избраа боб фризура.
    Џиџи Хадид се прости од својата долга руса коса и целиот процес го документира на Инстаграм.

     

     

    Славната манекенка објави видео во кое го прикажува целиот процес на стрижење на долгата руса коса. Подоцна објави и серија фотографија за да се пофали со новата фризура.

    „Сонцето и мојата нова фризура“, напиша 27-годишната манекенка покрај фотографијата која за само неколку дена откако беше објавена собра повеќе од 3,2 милиони лајкови.

     

    Имено, манекенката го поканила познатиот фризер Крис Мекмилан, кој e фризер на суперѕвезди како Џенифер Анистон и Мајли Сајрус.

    Мекмилан полека ја скрати долгата коса на Џиџi која допираше до средината на нејзиниот грб. Новата, модерна боб фризура и стои одлично.

    Манекенката остана верна на природните тонови на нејзината руса коса, кои одлично се совпаѓаат со нејзините светли очи.

    Инаку, Џиџи на крајот на јануари беше фотографирана со актерот Бредли Купер со кој се држеше за рака, со што ја потврди врската за која се шпекулираше подолго време. Како што стојат работите, со новиот дечко, доаѓа и новата фризура.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img