More

    Додека палатата молчи за состојбата на Кејт Мидлтон, грофот Ерл Спенсер, брат на принцезата Дијана, ги спореди овие две медиумски хајки над принцезите – некогаш и сега

    spot_img

    Додека палатата молчи за состојбата на Кејт Мидлтон, грофот Ерл Спенсер, брат на принцезата Дијана, ги спореди овие две медиумски хајки над принцезите – некогаш и сега.

    На прашање од Би-Би-Си дали мисли дека папараците и медиумската потера по принцезата Дијана биле полоши од она низ што моментално поминува Кејт Мидлтон на социјалните мрежи и на интернет, тој одговорил:

    – Мислам дека, ако погледнаме наназад на 97-ма година и смртта на Дијана, мислам дека тоа беше толку шокантно – околностите на нејзината смрт беа толку шокантни, што ја натераа индустријата што ги поддржува папараците навистина повнимателно да размисли што може, а што не може – рече тој и додаде:

    – Не затоа што индустријата имаше морален компас, туку затоа што (тоа што го правеа) беше неприфатливо за јавноста.

    Вистинска истрага го зафати интернетот под хаштагот „Каде е Кејт?“. Сите се прашуваат што се случува со принцезата од Велс по абдоминалната операција во јануари, и зошто палатата објавува фотошопирани слики и со тоа додава масло на целата завера теории.

    Се чини дека британското кралско семејство често поминува низ големи кризи од кои едвај се опоравува. Една од најголемите несомнено беше смртта на принцезата Дијана, која со љубов ја нарекуваа „народна принцеза“ и која по разводот беше немилосрдно прогонувана од папараците, што конечно доведе до нејзината трагична смрт.

    Многумина сè уште ги обвинуваат покојната кралица Елизабета и актуелниот крал Чарлс, наведувајќи дека тие не направиле ништо за да ја заштитат мајката на идниот престолонаследник од медиумски линч.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img