Џереми Кларксон вчера официјално бил прогласен за најсексапилен маж во Велика Британија, втора година по ред.
Имено, Џереми Кларксон (64) ја победил конкуренцијата која ги вклучувала и принцот Вилијам, Идрис Елба и Килијан Марфи.
Ѕвездата Кларксон постигнал импресивна оцена 9 од 10 поени во годинешната анкета која ја спровел „IllictEncounters“ која се смета за најдобра веб-локација за запознавање на мрежата.
Последниот којшто влегол на листата 10 најсексапилни мажи во Велика Британија е актерот Том Холанд којшто го зазел второто место. Холивудската ѕвезда која се забавува со актерката Зендаја, освоила импресивни осум поени во анкетата.
На третото место се нашол принцот од Велс, Вилијам.
Годинешната анкета за најсексапилни мажи на водечката страница за запознавање ја пополнувале 2000 членови. Жените биле прашани кој според нивно мислење е најсексапилен маж во Велика Брианија, барајќи од нив да состават листа од 50 најпознати минатогодишни, културно релевантни имиња од најмногу до најмаку секси.
Секое име било оценувано од 1-10 врз основа на сексапилот.
На листата се нашол и Килијан Марфи којшто го зазел петтото место, како и Идрис Елба.
За разлика од својот брат, принцот Хари завршил на 47 место.
Минатата година Кларксон исто така го зазел првото место затоа што дамите не можеле да одолеат на неговата вибрација на „лошо момче“.