Актерката Џенифер Анистон (53) на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од неодамнешниот одмор на прекрасна песочна плажа, во друштво на колегата Џејсон Бејтмен (53) и неговата сопруга Аманда Анко (53).
„Вратете нè таму“, напиша Анистон покрај фотографиите на кои се гледа како ужива на плажа во бикини. Таа ги воодушеви фановите со својата беспрекорна линија. Џенифер изгледа исто, па дури и подобро од пред 20 години.
Анистон и Бејтмен се долгогодишни пријатели и заедно глумеа во неколку филмови и серии, меѓу кои „The Switch“, „Office Christmas Party“ и „Horrible Bosses“.
– Тој е фантастичен пријател, најдарежливиот човек кој ги смее сите. О, и тој е опасен преговарач, не го „боцкајте“ – рече Анистон за Бејтмен за време на неговата церемонија на доделувањето ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2017 година. Минатата година Бејтмен и неговите деца Мејпл (10) и Франческа (15) го снимија своето појавување на Златните глобуси во домот на Анистон. Анистон потоа сподели фотографии и видео од забавата во нејзиниот дом на Инстаграм.