More

    Џејми Кесиди бил клучен играч во шемата за трговија со луѓе

    spot_img

    Поранешниот суперталент на фудбалскиот клуб Ливерпул Џејми Кесиди е осуден на 13 години и 3 месеци затвор откако признал дека продавал дрога во Јужна Америка, Англија и во Шкотска и станал милионер, пренесуваат медиумите во Англија.

    Кесиди сега има 46 години и беше еден од најдобрите стрелци во земјата за време на неговите тинејџерски години. Играл со Џејми Карагер и со Мајкл Овен и успеале да го освојат младинскиот куп на ФА во 1996 година.

    Но, поради повреди, морал предвреме да ја заврши кариерата и во меѓувреме се втурнал во криминал заедно со постариот брат Џонатан (50) кој е осуден на речиси 22 години затвор.

    Двајцата увезувале кокаин од Јужна Америка и го дистрибуирале по улиците на Ливерпул и на другите градови на Островот.

    Пратките биле скриени во модифицирани возила и пристигнале преку Амстердам од Бразил, Колумбија, Еквадор и од Боливија. Работата на Џејми била да ја дистрибуира дрогата во Англија и во Шкотска преку неговата мрежа.

    Обвинителот за време на судењето изјавил дека Кесиди бил еден од клучните играчи во шемата за трговија со луѓе, а пред да бидат уапсени во 2020 година, се забележува дека заработиле некаде околу 30 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img