Џафери одговараше на првите незгодни прашања како премиер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јас немам комплекс со што доаѓам на работа, дали со „мерцедес“ или со приватно возило – изјави премиерот на преодната Влада Талат Џафери, кој денеска ја презеде функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски.

Џафери ова го кажа одговарајќи на прашања на новинарите, кои алудираа на тоа дека дента кога беше избран во Собранието, Џафери пристигна во своето родно село Форино со службен „мерцедес“ придружуван од полициско обезбедување.

Новиот премиер посочи дека Владата има компетенции и одговорности според Уставот и законите.

– Нашиот ангажман како Влада и мојот личен е да се реализираат сите уставни процедури за сите индивидуи. Без оглед колку ќе трае оваа влада, во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање на институцијата, соработката и инклузивноста во работата на Владата, обезбедувајќи секој сегмент или министерство да бидат транспарентни и ефикасни и во служба на граѓаните – рече премиерот Џафери.

Share This Article