More

    Јаник Синер не сакал да игра тенис, бил многу поталентиран во други два спорта!

    spot_img

    Младиот италијански тенисер Јаник Синер ја освои првата Грен слем титула во кариерата, откако во финалето на Австралија Опен го совлада Данил Медведев по голем пресврт по првите два сета во кои беше во негатива.

    Сепак, многу лесно можело да се случи Синер воопшто да не се појави на тениските терени, бидејќи, едноставно тој воопшто не сакал да игра тенис!

    Јаник Синер уште од мал тренирал во три различни спортови, а од сите најмалку интересен му бил тенисот. Младиот Италијанец бил многу поталентиран и повеќе уживал на скијање и на фудбал.
    Најголемата љубов на Јаник било скијањето и според информациите кои постојат во јавноста речиси е сигурно дека би станал еден од најдобрите на планетата. Истото може да се каже и за фудбалот.

     

    Сепак, Синер пред извесно време откри дека решил да ги напушти спортовите кои ги преферира и да се посвети на тениската кариера.

    – До 13 години тренирав фудбал, тенис и скијање во исто време – потоа отпаднаа фудбалот како тимски спорт и скијањето како спорт во кој не смееш да направиш грешка. Тенисот поднесува грешки, а во ментална смисла ви овозможува креативно да размислувате како да се поставите кон предизвиците. И родителите ме поддржаа и така го избрав тенисот – откри Синер.

    22-годишниот шампион на Австралија Опен има интересно сфаќање за белиот спорт.

    – Во тенисот не треба да се плашите од ништо, бидејќи ништо не може да се случи. Кога скијате, ако паднете, никогаш не знаете дали сте скршиле нешто. Ако пропуштите една топка овде, сè уште имате шанса да победите. Таму, ако направите една грешка за време на трката, немате шанса да победите – вели младиот Италијанец.

    Набрзо се покажа дека Синер не погрешил во изборот, а неговиот интересен пристап кон тенисот носи и посебен белег во негивата игра.

     

    Со неговата победа во Мелбурн, Синер стана првиот Италијанец кој освоил грен слем титула по Адријано Паната во 1976 година и само третиот Италијанец во историјата. Светскиот рекет број 4, кој загуби само еден сет на патот до финалето, во полуфиналето ја прекина импресивната серијата на Новак Ѓоковиќ од 33 победи на Австралија Опен, а потоа го победи Медведев за првата грен слем титула, забележувајќи ја 20.победа од последните 21 натпревар. Синер исто така победи на 10 од неговите последни 11 натпревари против противниците од Топ 5 на светската АТП листа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img