More

    Девојката на монструмот од Младеновац раскажа за нивниот однос

    spot_img

    Поранешната девојка на масовниот убиец Урош Блажиќ кој лани на 4 мај изврши масакр во две села во Србија посведочи шокатни нешта за нивниот однос.  А. Ѓ., во сведочењето во обвинителството изјави дека „се плашела од него и дека ја принудил да имаат сексуални односи“, пишуваат српските медиуми.

    – Со Урош бев во емотивна врска околу три месеци, од август до октомври 2022 година. Во периодот пред раскинувањето се случуваше да не сакам да имам сексуални односи со Урош, но тој инсистираше и морав се согласувам. Се плашев од него – изјави таа на рочиштето и објасни дека обвинетиот го запознала во август истата година кога берела сливи кај него за плата.

    А. Ѓ. објаснила дека во куќата на обвинетиот видела оружје.

    – Во една прилика, кога спиев со Урош, видов дека тој држи пиштол под перницата. Беше во сива боја со црна рачка. Го прашав од каде му е пиштолот, а тој ми рече дека е негов пиштол и дека има дозвола за него. Го замолив да го остави и тој тоа го направи – рече таа и додаде дека Урош ѝ кажал дека татко му и дедо му имаат ловечки пушки.

    Според обвинението, кое го потврди и Апелациониот суд, девојката ја опишала врската со обвинетиот како убава врска само за првиот месец. Таа ја опиша и ситуацијата кога Урош Блажиќ бил агресивен кон неа.

    – Еднаш се случи непријатна ситуација кога се скаравме во автомобилот, додека тој ме враќаше дома. Го запре автомобилот, ме исфрли на сред пат во Мали Орашје и ми рече: „Излези да не те удрам!“. Беше многу лут, никогаш не сум го видела таков. На крајот го молев да ме однесе дома, тој едвај се согласи, сведочеше таа и додаде „дека раскинала со Урош кога тој почнал да ја лаже“.

    Според неа, следеле проблеми бидејќи таа како средношколка морала да оди на училиште.

    – Ме замоли да го прекинам редовното образование, што не го сакав. Ме убедуваше дека и неговата снаа се омажила за брат му млада и дека добро се сложувале и дека тоа не е ништо страшно – изјави А.Ѓ.

    Масакрот кој лани го изврши Урош Б. во Дубона и во Орашје се случи само еден ден по масакрот во училиштето Владислав Рибникар кој го изврши 13-годишното момче Коста К.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img