More

    Девизните резерви изнесуваат 4,28 милијарди евра

    spot_img

    Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4,287 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат намалување од 61 милион евра, соопшти Народна банка.

    Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,2%), по што следуваат валутите и депозитите (29,2%) и монетарното злато (10,6%).

    Споредбата со претходниот месец во однос на пласманот на резервите говори дека е зголемен процентот на резерви пласирани во хартии од вредност и злато додека има намалување на девизните резерви пласирани во валути и депозити.

    Девизните резерви на крајот на февруари годинава изнесуваа 4,348 милијарди евра. Во хартии од вредност беа пласирани (58,8%), во валутите и депозитите (31,6%), а во монетарно злато беа 9,6% од резервите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img