Девет сириски државјани, меѓу кои осум деца и една мајка загинаа во вчерашниот пожар што го зафати нивниот стан во Бурса, северозападна Турција.
Во пожарот загинаа 31-годишната мајка, нејзините шест деца и две внуки. Загинатите деца биле на возраст од една до 11 години.
Во пожарот што го зафатил станот на вториот кат полесно се повредени три лица од повисоките катови, кои се хоспитализирани.
Жртвите побегнале од граѓанската војна во сирискиот Алепо во Турција во 2017 година.