Деспотовски пак ќе се кандидира за лидер на СДСМ?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, во гостување емисијата 10 МИНУТИ на ТВ21, открива дека на следните избори на СДСМ можеби повторно ќе се кандидира за претседател на партијата.

Деспотовски беше кандидат и по заминувањето на Зоран Заев, но тогаш довербата ја доби сегашниот лидер Димитар Ковачевски.

Каква е соработката на Деспотовски со Ковачевски?

– Соработуваме, јас сум дел од тимот. Резултатите во сегментот каде што сум задолжен се тука, со поддршка на премиерот. Можеме секогаш подобро. Имаме изборен циклус кој следи следната година, добро е да седнеме и да дефинираме што е добро и да одиме со поамбициозен план. Простор за работа има многу. Чесно е да кажеме дека секогаш можеме подобро. Зошто да не, размислувам повторно да се кандидирам за лидер на СДСМ. Но, мене ми е многу ми е поважно да знам со што ќе истрчаме пред луѓето – рече Деспотовски.

Share This Article