Конференција „Од Естер до Естер , за храброста на жените“
Оваа година на 11.03.2023 се одбележуваат осумдесет години (80) од депортацијата на 7144 евреи од Македонија во Треблинка. Како и минатите години така и оваа година во сеќавање на жртвите ќе се одржи манифестацијата „Маршот на живите“ во Битола и Штип.
Денеска на 08.03.23 ќе го одбележиме денот на жените 8 Март со конференција на жените од Израел , од организацијата „ Wekibutz – Netaim. “. Конференцијата е со наслов „Од Естер до Естер, за храброста на жените “. Имено, првата Естер е еврејска кралица од персискиот период од пред 2000 г, а втората Естер, е Естерја Овадија Мара, еврејка и партизанка од Битола, која загина 1944 г. и е призната за народен херој.
На конференцијата ќе учествуваат голем број делегации од Израел со преку 140 делегати/учесници. Помеѓу нив и Г-ѓа Мирјам Перетз која беше кандидат за Претседател на Израел, градоначалници од ja Бат Ури Бускила (Bat Uri Buskila) и од регионални општини во Израел Офир Липштаин (Ofir Lipstein). Истотака присутна ќе биде и Генералниот директор Шири Мадар (Shiri Madar), како и Претседателот на здружението за културното наследство на Евреите од Битола, во Израел Др. Шели Леви Друмер, Градоначалникот на Општина Битола, Г-дин Тони Коњановски и бројни гости. На конференцијата со своја делегација ќе бидат присутни и специјална екипа на фотографери од лица со посебни потреби од организацијата „Келим Шлувим“.
Конференцијата е поддржана од Еврејската организација „Histadrut zionit”, како и од Министерството за социјала на државата Израел. По рамките на програмата на конференцијата , вечерва во Свечената сала на Офицерски дом во КИЦ Битола ќе се оддржи концерт на познати пеачи од Израел; Шаи Аврамсон,Сара Ароести – ладино пеачка од САД, Хелена Суша – Скопје, Македонија.
Организаторите и дел од гостите ќе бидат на располагање за интервју помеѓу 13.30 и 14.0 ч. во Офицерски дом.