More

    Двајца киднапирани Американци пронајдени мртви во Мексико, двајца вратени во САД

    spot_img

    Двајца од четворицата Американци киднапирани во Мексико минатата недела се мртви, а двајца се живи и се вратиле во САД, соопштија синоќа мексиканските и американските власти.

    Четворица американски државјани биле киднапирани од вооружени лица на 3 март, додека со автомобил влегувале во градот Матаморос во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, преку границата со САД во близина на Тексас, јавува Би-Би-Си. Таму отишле на естетска операција, изјавиле нивните роднини за американските медиуми.

    Уапсен е еден маж (24) од Тамаулипас.

    Двајцата преживеани Американци синоќа им беа предадени на Американците, во соработка со американскиот конзулат во Матаморос, објави во порака на Твитер јавниот обвинител на мексиканската држава Тамаулипас. Тие беа вратени под вооружена придружба во мексикански воен конвој.

    Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, упати сочувство до семејствата и пријателите на граѓаните загинати во тие напади.

    Американското ФБИ подоцна потврди дека двајца Американци биле пронајдени мртви и дека двајца биле вратени во американските болници. Еден од преживеаните Американци е тешко повреден во нападот, соопшти ФБИ.

    Во соопштението се додава дека ФБИ ќе работи со меѓународните партнери и другите агенции за спроведување на законот за да се осигура дека одговорните за „овој ужасен и насилен напад“ ќе бидат кривично гонети.

    Американците дојдоа во Мексико од правец на градот Браунсвил, Тексас, а во петокот влегоа во Матаморос, каде во тоа време имаше таква пукање што американскиот конзулат таму издаде предупредување до граѓаните на САД, а локалните власти го повикаа населението да одат во засолништа.

    ФБИ во неделата соопшти дека во комбето со Американците било пукано набргу откако влегло во Мексико, но дека не е јасно дали киднапирањето е поврзано со насилството што се случило тој ден во Матаморос.

    Соопштено е дека „сите четворица Американци биле ставени во едно возило, а вооружени лица ги однеле“.

    Мексиканските власти вчера на прес-конференција потврдија дека маж (24) е уапсен и дека четворица Американци се пронајдени во близина на Матаморос.

    Истражителите сметаат дека т.н Заливскиот картел, една од најстарите криминални групи во Мексико, беше одговорен за нападот.

    Сè уште не е јасно дали Американците по грешка биле киднапирани затоа што се мислело дека се шверцери на дрога или биле фатени во вкрстен оган меѓу завојуваните нарко картели.

    Матаморосо е град во Тамаулипас, една од шесте мексикански држави што американскиот Стејт департмент ги советува патниците да не ги посетуваат поради криминал и киднапирања.

    Матаморос е еден од најопасните градови во Мексико, а го контролираат нарко картелите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img