More

    Денеска се отвораат 3 коридори за градот Суми

    spot_img

    Околу 48.000 Украинци се евакуирани преку хуманитарните коридори, изјави Кирил Тимошенко, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

    Тимошенко истакна дека 43.000 луѓе го напуштиле градот Суми, 3.500 во регионот на Киев и 1.000 во Енергодар.

    Претходно, еден од украинските преговарачи Давид Арахамиа изјави дека за еден ден биле евакуирани повеќе од 40.000 жени и деца од цела Украина, наведувајќи дека бил направен обид за евакуација на дури 100.000 луѓе, но тоа „не успеало“.

    Украинските власти планираат денеска да отворат 3 коридори за напуштање од регионот Суми во североисточна Украина, според шефот на регионалната администрација Дмитро Живицки.

    Коридорите треба да ги водат луѓето на безбедно во Полтава во централна Украина, околу 170 километри јужно од Суми, објави Живицки на Телеграм.

    Тој рече дека е планиран прекин на огнот во 7 часот по Гринич.

    Руските сили го опколија Суми, соопшти британското Министерство за одбрана.

    Живицки рече дека речиси 50.000 луѓе го напуштиле Суми вчера и завчера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img