More

    Денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет

    spot_img

    Денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Седницата е закажана во 11 часот.

    Вкупните приходи се планирани на ниво од 318,1 милијарди денари и бележат зголемување за 8,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди  денари, односно на расходна страна има зголемување од 19,1 милијарди денари.

    Растот на БДП е проектиран на 2,1%  и е ревидиран во однос на првично планираниот 3,4%, а инфлацијата е проектирана на ниво од 3,5% и во втората половина од годината се очекува забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите.

    Според министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, измените на Буџетот се насочени кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирање на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит.

    Минатата среда, на 17 јули, на прес-конференција во Владата, министерката за финансии рече дека се обезбедени пари за исплата на плати, за најавеното зголемување на пензиите кое ќе оди во две фази, како и за сите законски обврски што произлегуваат од Буџетот.

    Како што посочи, обезбедени се 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда денари за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет, 5 милијарди денари за пензии, 600 милиони денари за исплата по судски решенија, една милијарда денари за исплата на законската финансиска помош во зоните, што не била обезбедена, 322 милиони денари за Државната изборна комисија кои не им биле испланирани за исплата на медиумите согласно Изборниот законик, 644 милиони денари за студентски оброк и за стипендии….

    При усвојувањето на Ребалансот на буџетот, Владата на предлог на Министерството за финансии усвои и неколку заклучоци. Меѓу нив ги задолжи буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост при склучување на колективните договори треба да побараат мислење од Министерството за финансии.

    Опозициската СДСМ најави дека жестоко ќе се спротивстави на владиниот предлог главно поради тоа што новата влада ги стави во мирување зголемувањето на платите и потпишувањето на колективните договори, но и поради зголемувањето на јавниот долг.

    Вкупната расправа по ребалансот на буџетот во собранието  треба са трае 12 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img