More

    Денешното рочиште за Мухамед Зеќири одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

    spot_img

    Денешното рочиште за Мухамед Зеќири мораше беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Зеќири ги известил полицајците од станицата во Карпош кои дошле да го спроведат од куќниот притвор со судска одлука дека е болен. Била викната брза помош, а според судијката во зависност од проблемите тој ќе биде однесен во болница.

    Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од командирот на ПС Карпош за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече:

    – Инаку, ќе постапев поинаку.

    Во петокот Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.

    Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов, вешто лице. Второто лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата, Агим Махмути, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на „Пошта“, Јани Макрадули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img