More

    Илјадници војници на воени вежби на северот на Европа

    spot_img

    Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО, овој месец учествуваат во воени вежби во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина.

    Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО.

    Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај на голем број повредени.

    Целта е унапредување на интероперабилноста на силите и вежбање на заедничко дејствување, рекоа официјалните лица.

    Вежби на поморските, воздушните и копнените сили се одржуваат во Балтичкото Море, како и во Шведска и нејзиниот стратешки остров Готланд, во Литванија, Полска и во Германија. Ќе бидат распоредени 50 бродови и 45 авиони и хеликоптери.

    Вежбите се организирани од НАТО поморските сили за напад и поддршка и Шестата флота на американската воена морнарица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img