Демонстранти упаднаа во куќата на премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге во главниот град Коломбо, пред која претходно се судрија со полицијата и ја запалија, јавува Би-Би-Си. Истовремено, утринава илјадници демонстранти како рој мравки влегоа во палатата на претседателот Раџапакса, кој навреме побегна и најави оставка.
Сѐ уште не е познато каде бил премиерот Викремесинге во моментот кога била опожарена куќата.
Премиерот се согласи да поднесе оставка исто како претседателот Раџапакса. На лидерите на парламентарните партии им порача дека ќе поднесе оставка кога партиите ќе го договорат составот на новата влада.