Дел од здравствените работници од јавното здравство веќе ја имаат јануарската плата на своите сметки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дел од здравствените работници од јавното здравство веќе ја имаат јануарската плата на своите сметки, соопшти доцна попладнево Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), додавајќи дека исплатата ќе тече постепено, во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

Вработените во јавното здравство немаа земено плата поради хакерскиот напад на 7 февруари на системот на ФЗОМ. Сајбер-нападот ги закочи и исплатите на породилните отсуства, боледувањата и рефундациите. Фондот претходно соопшти дека започна „Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, се вели во соопштението.

Околу 150 вработени од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“денеска протестираа пред болницата, револтирани зашто десет дена им доцни платата за јануари. Протестираа и дел од вработените во Геријатрија, како и во болниците во Охрид, Неготино и други градови.

Share This Article