More

    Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила

    spot_img

    Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот претпладне, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

    Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени пари за услугата што ја даваат.

    Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

    – До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме – изјави за МИА Оливер Петрушевски.

    Скопјани се жалат дека со часови чекаат автобус од приватните линии, особено број 23 и дека не се информирани што се случува со превозот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img