Актерот Дејвид Тенант во целост го променил изгледот за потребите на снимањето на серијата „Литвиненко“, која зборува за жестокиот критичар на Владимир Путин.
Имено, Александaр Литвиненко работел во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Починал во 2006 година по труење со радиоактивна супстанција. На смртната постела тврдел дека е отруен по наредба на Путин.
Серијата „Литвиненко“ наредниот месец ќе биде емитувана на стриминг сервисот ITVX.
Гледачите преку четирите епизоди ќе се запознаат и со животната приказна на Маргарита Левиева, сопругата на Александaр. Таа се борела да ја убеди британската влада да ги објави имињата на неговите убијци и Русија да ја признае својата улога во неговото убиство.
Владата на Велика Британија во 2016 година објавила дека Дмитриј Ковтун и Андреј Луговој го отруле Литвиненко, ставајќи му полониум-210 во неговиот пијалак.
Покрај Танант, улоги во серијата остварија Марк Бонар и Нејл Максел.
ФОТО: Твитер