Дебарските пожарникари гаснеа пожар во албанско погранично село

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дебарската Територијална противпожарна единица, интервенираше во гаснење на пожар во албанското погранично село Војника. Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски, интервенцијата била по дојава од албанска страна од каде е побарана помош.

– По барање од нивна страна а во согласност со локалната власт на Дебар нашите пожарникари интервенираа во локализирање и целно гаснење на пожар во пограничното албанско село Војника, кое е на оддалеченост од 16-тина километри. Стануваше збор за пожар на отворен простор, кој можеше да се прошири и на блиските куќи –  рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Поради близината  ова не е првпат дебарските пожарникари да интервенираат во пограничните албански области, што, според Мифтароски, го прават од хуман аспект и во согласност со локалните власти од двете страни.

Дебарската ТППЕ освен на територијата на општина Дебар, интервенира и во општина Центар Жупа и подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше.

фото: МИА

Share This Article