More

    Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

    spot_img

    Данска ќе испрати нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи првенствено оружје за воздушна одбрана и артилерија, во вредност од околу 5,6 милијарди дански круни (750 милиони евра), напиша денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на платформата Икс (Твитер).

    „Сите сојузници треба да пружат поголема воена поддршка на Украина“, рече данскиот министер за одбрана на Самитот за демократија што се одржа во Копенхаген на 14 мај, кога се разговараше за воените потреби на Украина.

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека Украина има најголем дефицит на оружје за противвоздушна одбрана и побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого се сретна, две батерии за противвоздушна одбрана Patriot за одбрана на Харков, пренесе Ројтерс.

    Тој за Блинкен изјави дека на Украина и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за североисточниот град Харков, кој е цел на руски воздушни напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img