Познатата македонска рокерка Дани Димитровска и пијанистот Никола Мицевски имаат нов етно-џез проект, а целта е преработка на македонските изворни песни на еден нов, приемчив начин.
Во планираниот албум ќе гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во Македонската Опера и Балет со 90 минутен репертоар.