Потребата за трансплантација на органи се зголемува, а како што расте, некои научници веруваат дека решението е во органите на животните. Меѓутоа, бидејќи честопати фаталните реакции на човечкото тело се во фокусот на истражувањето, процесот е во благ застој. Голема пречка се и сложените етички прашања, како што е тестирањето на таквите органи.
Неодамнешниот напредок во клонирањето и уредувањето на гените, заедно со подоброто разбирање на контролата на инфекциите, доведоа неколку институции до нови откритија и клучни чекори кои би можеле да и овозможат на американската Администрација за храна и лекови наскоро да започне клиничко испитување, пишува CNN.
Научниците трансплантирале генетски модифицирани свински бубрези и срца на луѓе со мозочна смрт за да видат дали тие делуваат кај луѓето.
Тие покажаа дека свинскиот црн дроб може да ја филтрира крвта кога е прикачен на неодамна почината личност и идентификуваа мешавина од имуносупресиви потребни за да се спречи отфрлањето на бубрезите на свињата од човечкото тело.
Двапати, хирурзите трансплантираа генетски модифицирани срца на живи луѓе, субјекти кои сфатија дека нивната смрт е неизбежна и дека ниедна трансплантација веројатно нема да ги спаси, но дека ксенотрансплантацијата може да спаси многу животи во иднина.
17 луѓе умираат на ден чекајќи орган
Во САД повеќе од 100.000 луѓе чекаат за трансплантација на орган, а просечно 17 луѓе дневно умираат чекајќи орган.
„Дека некој мора да умре за да може некој друг да живее е скршена парадигма“, вели д-р Роберт Монтгомери, експерт за ксенотрансплантација.
„Мислам дека животните се одговорот“, смета Монтгомери.
Ксенотрансплантацијата не е нова идеја
Трансплантацијата на органи од животни на луѓе не е нова идеја. Пред неколку децении, лекарите мислеа дека приматите се најдобри кандидати за ксенотрансплантација, а во 1984 година, тие пресадиле срце на павијанец на дете кое живеело 21 ден.
„Приматите се покажаа премногу мали, прескапи и премногу контроверзни“, вели д-р Арт Каплан.
Свинските органи се анатомски слични на човечките органи. Повеќе од три децении, свинските залистоци се користат за поправка на човечките срца. Производите од свињи влегуваат во десетици лекови кои спасуваат животи, како што се епинефрин, кој се користи за лекување на тешки алергиски реакции и хепарин, разредувач на крвта.
Меѓутоа, пресадувањето на цел орган од свиња било тешко поради генетските разлики кои предизвикуваат човечкото тело да ги отфрли. Исто така, постои загриженост дека свинскиот орган може да носи вирус што може да го повреди примателот, па дури и да се прошири на други луѓе.