More

    Дали потењето лете е добро за здравјето?

    spot_img

    Со пристигнувањето на летото, многумина се привлечени од идејата дека ќе ослабат поради жештините. Една од причините за слабеењето лете е намалениот апетит, што подразбира и внесување помалку калории во организмот. Другата причина е потењето според популарните верувања. Но, дали тоа е точно?

    Дали потењето лете е добро за здравјето?

    Без разлика дали лете или зиме, од физиолошка гледна точка, потењето е апсолутно добро за здравјето. Нашето тело е опремено со околу 2-4 милиони потни жлезди кои се наоѓаат во долните слоеви на кожата. Овие потни жлезди континуирано лачат електролити и вода на површината на кожата, пишува Тајмс оф Индија.

    Потењето е механизмот на нашето тело за ладење. Ова значи дека кога се потите, дали поради временските услови или за време на вежбање, вашето тело треба да се олади и да се врати на својата нормална телесна температура (37 степени Целзиусови). Нашето тело ќе се прегрее ако не се потиме.

    Дали потењето може да ви помогне да го намалите вишокот маснотии?

    Многу фитнес експерти и тренери во теретана препорачуваат напорно да тренирање и потење. Но, тоа не мора да значи дека согорувате маснотии додека се потите. Додека вежбате или кога генерално се потите поради топлината, едноставно вашето тело согорува калории. Во тој процес, користите енергија од мастите складирани во вашето тело. Меѓутоа, кога ќе го изедете следниот оброк, вашето тело повторно ќе акумулира масти.

    Иако потењето сигурно помага во процесот на слабеење, потребно е повеќе од само потење за да се изгуби вишокот маснотии во вашето тело. Режимот на исхраната и типот на вежби што ги правите играат главна улога во количината на масти што ќе ги изгубите.

    Како наместо тоа можете да согорите маснотии?

    Со правилна исхрана, фитнес рутина и со одредени животни навики можете да согорите многу калории и масти и да го забрзате режимот за слабеење.
    Вложете ги вашето време и напор во тренинзите за добивање поголема сила бидејќи тоа ќе ви помогне да изгубите тежина и истовремено да стекнете мускули. Со текот на времето, ќе забележите значителна загуба на масти, но внимавајте, морате да внесувате храна со масти бидејќи тие се есенцијални за функционирањето на вашиот организам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img